Контролира дијабетес, намалува холестерол, лекува гастритис, па дури и рак

Според истражувањата, насунинот, антиоксиданс кој е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот. Меѓудругото...

0
678

Додека е сезона на модрите патлиџани, не ги пропуштајте. Не е лошо да си замрзнете и за во зима бидејќи овие плодови се многу хранливи. Тие се одличен извор на витамините К, Ц, А, Б1, Б3, Б6 и Б9 (фолна киселина), а богати се и со минералите калиум, калциум, фосфор, бакар и магнезиум.

Плодовите од модриот патлиџан се чест гостин на менијата на љубителите на зеленчук ширум светот, а во веганските кујни важат за совршена и вкусна замена за месото.

Освен како храна, патлиџанот во одделни земји се применува и во медицински цели. Традиционалната кинеска медицина ја признава оваа билка како одлично средство за лекување на гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Во Нигерија пак важи за одличен лек против ишијас, мускулни грчеви и хемороиди. Во многу источни култури е многу ценет и чајот од свежа или исушена кора од модар патлиџан.

Веќе со векови плодовите од модриот патлиџан се познати и како одлична помош во контролата на дијабетесот. Модерните научни истражувања потврдија дека исхраната богата со овој зеленчук и оди во прилог на регулацијата на шеќерот во крвта, а една од причините е токму високата концентрација на влакна.

Модриот патлиџан е зеленчук со ниска концентрација на јаглени хидрати, не содржи масти и има само 20 калории по парче. Богат е со влакна поради што придонесува за подолготрајно чувство на ситост. Според некои истражувања, хлорогеничната киселина која е присутна во овој плод многу придонесува за намалување на масните наслаги. Тоа се предности кои го прават одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми.

Горчливите состојки во модриот патлиџан се заслужни за ослободување на грчевите од желудникот и останатите желудочни и цревни проблеми.

Плодовите на модриот патлиџан се богати со влакна кои го штитат дигестивниот тракт и помагаат во одржувањето на функционалноста и здравјето на целиот дигестивен систем.

Хлорогеничната киселина помага и во намалување на нивото на LDL (лошиот) холестерол, како и зголемување на HDL (добриот) холестерол.

Насунинот има исто така голема важност бидејќи според тврдењата на научниците помага во превенција од настанок на лошиот холестерол.

Според истражувањата, насунинот, антиоксиданс кој е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот. Студија објавена во 2005-тата година во магазинот „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ потврдува дека насунинот делотворно го спречува процесот наречен ангиогенеза и така помага за потиснување на ширењето на туморските клетки.

Според истражувањата пак на американското Министерство за земјоделство, хлорогеничната киселина која се содржи во патлиџанот е одличен сојузник во борбата против слободните радикали кои се причинители за појава на рак.

Експертите потврдуваат дека модриот патлиџан, благодарение на антивирусните својства на хлорогеничната киселина, може да биде од голема корист во превенција и лекувањето на многубројни болести предизвикани од вируси.