Крамбл со јаболка и брусница

0
209

Состојки:

200 г интегрално брашно

300 г крупни овесни снегулки

100 г кафеав шеќер + 2 лажици за јаболката (наместо шеќер можете да ставите мед или јаворов сируп)

200 г путер

50 г суви брусници

Сок од 1 портокал

Сок од 1/2 лимон

Цимет

Рум

Сечкани ореви

Несолена урда

Приготвување:

  1. Намачкајте го садот за печење со путер и вклучете ја рерната.
  2. Излупете ги јаболката и исечете ги на подебели листови. Ставете ги во садот за печење и додадете го сокот од лимон, шеќерот (мед или јаворов сируп), циметот, малку рум, брусниците и сечканите ореви.
  3. Во еден сад замесете тесто од брашното, овесните снегулки, омекнатиот путер, шеќерот и сокот од портокал. Тестото е во вид на трошки кои треба да се распоредат врз јаболката.
  4. Ставете во загреана рерна да се пече околу половина час.
  5. Послужете го топло со топка несолена урда.