Крамбл со пекмез и путер од кикирики

Овој колач со трошки од тесто навистина може да се приготвува во милион варијанти…пробајте ја и оваа

0
176

Состојки:

2 шолји брашно
1 лажичка прашак за пециво
12 лажици путер
1 шолја шеќер
1 јајце
1 шолја путер од кикирики
1 шолја пекмез
Кикирики по желба
Малку сол

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
3. Во посебен сад измешајте ги путерот и шеќерот, па додадете го путерот од кикирики и мешајте уште кратко. На крајот ддадете го и јајцето, измешајте и додадете ги сувите состојки и се добро измешајте.
4. Префрлете поголем дел од добиеното тесто во калап и добро притиснете го на дното.
5. Печете околу 20 минути па извадете го од рерната и премачкајте го со пекмез. Изрендајте го остатокјот од тестото врз пекмезот и поросете со исечкани кикирики.
6. Печете уште 20 минути, исечете на коцки и послужете.