Крамбл со боровинки

Крамбл е десерт кој речиси сите го сакаат, ако не сам за себе, тогаш во комбинација со малку сладолед или павлака. Овошјето секогаш може да го менувате во зависност од сезоната

0
173

Еве уште еден рецепт за крамбл помеѓу многуте…но секој има нешто свое и поинакво.

Состојки:

Околу 400-500 г боровинки или некое друго овошје
околу 5 лажици шеќер (или количина по ваша желба)

2 лажици пченкарен скроб

200 г брашно

140 г путер

70 г шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 °C, а во меѓувреме помешајте го овошјето со шеќерот и скробот.

За поросување измешајте ги брашното, шеќерот и ладен изрендан путер и спојте се со раце за да добиете тесто во облик на трошки.

Ставете го овошјето во стаклен сад за печење, а одозгора ставете ги трошките и ставете да се пече околу 15 минути.