Крамбл со кајсии

0
218

Ако треба да кажеме кој ни е фаворит кога станува збор за крамбл, одлуката е навистина тешка. Некогаш мислиме дека е тоа крамбл со вишни, некогаш со јагоди, некогаш со праски, некогаш со кајсии…а што да се прави кога е вкусен во секоја варијанта!

Состојки:

800 г кајсии

3 лажици кафеав шеќер, за кајсиите

150 г овесни снегулки

100 г брашно

100 г ладен путер

100 г кафеав шеќер
3 лажици мед

Приготвување:

  1. Вклучете ја рерната на 180°C.
  2. Кајсиите преполовете ги или исечете ги на четвртинки и наредете ги на дното од тепсијата и поросете ги со кафеав шеќер.
  3. Помешајте ги брашното, овесните снегулки и шеќерот. Додадете ги коцките путер и со прсти помешајте ги за да се направат трошки, а потоа додадете го и медот и направете покрупни трошки.
  4. Поросете рамномерно врз кајсиите и дополнително додадете уште две лажици мед пред да ја ставите тепсијата во рерна.
  5. Печете во загреана рерна околу 35-40 минути или додека трошките не добијат темно златна боја. Служете го топол со сладолед.