Крем бруле од авокадо

0
572

Состојки:
1 шолја млеко
2 средни и зрели авокада
2-3 лажици сок од лимон
½ шолја шеќер

Приготвување:
1. Изблендирајте ги млекото и авокадото околу 1-2 минути. Потоа додадете ги лажиците сок од лимон една по една, блендирајќи. Пробајте, и ако има потреба додадете уште неколку капки сок од лимон.
2. Оставете го кремот да се лади во фрижидер 4 часа.
3. Пред послужување ставете го шеќерот одозгора и стопете го. Нека се излади 3-5 минути пред да го послужите.