Крем супа од печурки

Заборавете на супите од кеса! Направете домашна крем супа од печурки и слободно помешајте неколку видови

0
621
Состојки:
500 г печурки (буковки, шампињони, вргањ,..)
1 кромид
2 чешниња лук
200 мл бело вино
200 мл кисела павлака
Путер
Магдонос
Сол, бибер
Приготвување:
1. Исечкајте ги печурките на ситно и динстајте ги на путер. Додадете ги ситно исечканиот кромид и лукчето, а потоа и виното и динстајте додека алкохолот не испари.
2. Додадете вода за да ги прекрие печурките, зачинете и варете на тивок оган додека печурките не омекнат.
3. Тргнете од оган, изблендирајте или измешајте со миксер, додадете павлака и поросете со магдонос.
4. Послужете со црно домашно лепче.