Крем супа од црвена леќа и моркови

0
731

Состојки:

250 г моркови

2/3 шолја црвена леќа

Сол

Маслиново масло

Павлака за украсување

Магдонос или црн сусам за украсување

Приготвување:

  1. Сварете ги црвената леќа и морковите во солена вода.
  2. Кога ќе омекнат, додадете ги останатите состојки и измешајте во блендер.
  3. Украсете со малку павлака и поросете со ситно сечкан магдонос или со црн сусам.