Крофни? Може, само да не се многу мрсни

Овие крофни се мрсни толку колку што во својот состав содржат путер, но не се мрсни поради пржење во длабок зејтин како што обично се прават крофните. Направени се во рерна и навистина се многу вкусни и лесни за правење

0
443

Состојки:

1 сув квасец

1 кесичка ванилин шеќер

2 јајца

100 г шеќер (ако ги полните со мармалад или со еурокрем, не ставајте воопшто шеќер)

прстофат сол

140 г растопен путер

250 мл млака вода

250 мл млако млеко

1 кг и 100 г брашно

уште 70-100 г путер за премачкување

шеќер во прав за поросување

Приготвување:

Квасецот измешајте го со брашно и ванилин шеќер. Додадете јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете меко тесто. Покријте го и оставете го да стаса.

Потоа растегнете го на подебела кора (околу 1-1,5 цм) и вадете тркалца со помош на малку поширока чаша.

Наредете ги врз мрсна хартија во голема тепсија, премачкајте ги со растопен путер и почекајте да стасаат уште 15 минути па ставете ги да се печат во загреана рерна, на 200 степени околу 15-20 минути.

Во меѓувреме, повторете ја постапката со останатото тесто (од оваа количина излегуваат две тепсии, а доколку сте дома помалку луѓе, преполовете ја дозата).

Кога ќе се испечат крофните, повторно премачкајте ги со путер додека се топли и поросете ги со шеќер во прав.