Крцкави ќофтиња од кељ и киноа

0
686

Состојки:
(8 ќофтиња)

2 шолји сварена киноа
1 1/2 шолја крупно сечкан кељ
1/2 шолја кромид, сечкан
1/2 лажица морска сол
1 лажичка чили во прав
1/2 лажичка црн пипер
1/2 шолја трошки од фета сирење
1 шолја презла, по можност од интегрален леб
2 големи јајца, матени
1 лажица маслиново масло

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад измешајте ги со раце сите состојки освен маслиновото масло. Ако смесата е премногу влажна откако ќе измешате, додајте малку брашно, лажичка по лажичка, се додека смесата не стане компактна.

2. Поделете ја смесата на осум делови и ставете ги парчињата на хартија за печење. Лесно премачкајте го тестото со масло за печење и печете околу 15 минути. Свртете ги топчињата на другата страна, премачкајте со масло и печете уште десетина минути додека поруменат.

3. Откако ќе се испечат, оставете ги парчињата на плехот да се оладат, а потоа послужете.