Крцкави листови кељ

0
803

Кељот е богат извор на манган, минерал кој што помага во производството на хормони. Со оглед на тоа што манганот се наоѓа само во мали траги во организмот, дополнителна доза од овој минерал би можела да му даде значителен поттик на вашето либидо. Послужете го ова јадење веднаш по подготовката – со тек на време листовите кељ ја убат крцкавоста.

Состојки:
(за 6 порции)
400 г кељ, измиен и исушен
2 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 150 степени и премачкајте еден лист хартија за печење со спреј за готвење.

2. Искинете го кељот на парченца и отстранете ги тврдите дршки. Ставете го во сад.

3. Измешајте ги листовите кељ со маслиново масло додека не се прекријат убаво. Потоа распоредете ги на хартијата за печење и печете ги во рерна околу 15 минути, превртете го кељот и печете уште 15 минути додека крајчињата не заруменат.

4. Посолете и служете го топол или ладен.