Круша здравје чува

0
424

Крушите можете да ги јадете свежи но од нив можете да направите и разни јадења. Една круша со средна големина содржи 96 калории и е исклучително корисно овошје за варењето затоа што во својот состав има 5,1 грам влакна.

Исхраната која е богата со влакна ќе ви помогне во спречување на надуеноста и го одржуваат здравото ниво на холестеролот и добрата линија.

Крушите се полни со витамини и минерали. Содржат витамини Ц, К, Б2, Б3 и Б6. За трудниците или за мајките кои дојат, корисна е информацијата дека крушите содржат фолна киселина. А се препорачуваат и како идеална намирница за мали бебиња. Од минерали содржи калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси па крушите прават чуда и за вашиот имунитет, а со оглед на тоа што почнува сезоната на настинки и грип, не заборавајте уште денес да го набавите ова овошје.

Крушите се сметаат за хипоалергенско овошје, што значи дека лицата кои се чувствителни на храна можат да јадат круши без страв од штетни ефекти.

Јадењето три или повеќе порции овошје дневно, како што се крушите, може да го намали ризикот од сенилна макуларна дегенерација, која е најчеста причина за губење на видот кај повозрасни лица.

Кверцетинот е уште еден антиоксиданс кој се наоѓа во лушпите од крушата, а помага во спречувањето на ракот и оштетувањето на артериите кои предизвикуваат срцеви тегоби. Исто така, неодамнешната студија на универзитетот Корнел утврдила дека консумацијата на круши може да помогне во спречувањето на Алцхајмеровата болест.

Совет: откако ќе се изеде круша, не смее да се пие вода, затоа што може да предизвика пролив.