Крушки полнети со суво овошје

0
195

Состојки:

6 круши

50 г ореви

50 г суво грозје

40 г суви брусници

40 г суви кајсии

1 л бело вино

150 г кафеав шеќер

1 лимон

1 лажичка цимет

Каранфилчиња

Приготвување:

  1. Излупете ги крушите и исечете ги на два дела. Истријте им ја површината со лимон и издлабете им ја средината.
  2. Сувото овошје и оревите ситно исечкајте ги, и поделете ги на шест дела со кои ќе ги пополните вдлабнатините во крушите
  3. Виното варете го со шеќерот, неколку парчиња лимон, каранфилчиња и лажичка цимет.
  4. Во зовриеното вино додадете ги крушите и варете ги додека да омекнат. Пред послужувањето разладете ги.