Кујнски предмети и намирници кои се најголем извор на бактерии

Кујнските сунѓерчиња, сирните производи и други намирници и предмети на кои им истекол рокот на употреба, треба веднаш да се фрлат за да не се развијат бактерии

0
157

Рокот на употреба на одредени намирници е многу важен, а некои работи би требало да се фрлат веднаш по истекот на тој рок.

Остатоците од храна, сирните производи на кои им истекол рокот, но и кујнските сунѓерчиња, се само некои предмети кои би требало да се отстранат за да не се развијат бактерии.

Кујнски сунѓерчиња

Постојат неколку трикови како да се уништат бактериите од нив, но сепак, кога еднаш изгледа како да е потрошено, време е за ново. Некои луѓе ги вријат во вода, но со оглед на тоа што кујнските сунѓери се секогаш влажни, некои бактерии и натаму ќе се задржат во нив.

Остатоци од храна

Остатоците во одделите на дното од фрижидерот можат да бидат многу опасни. Цела храна, без оглед дали е зготвена или се остатоци од ручек, би требало да се изеде во рок од три-четири дена. Ако храната има на себе мувла, во никој случај не е за консумирање. Без оглед што ќе ја исчистите мувлата.

Прашок за пециво

Ако е долго отворен или му истекол рокот, постои можност дека нема да биде употреблив. Најдобро е да се провери дали може да се користи со помош на едноставен тест. Една лажичка се става во една третитана врела вода. Ако се појават меурчиња, сѐ е во ред.

Стари зачини

После една година зачините губат на вкус. И натаму можат да се користат, но нема да се почувствува нивниот полн потенцијал.

Замрзната храна

Храната ставена во садови во замрзнувач не би требало да има многу мраз во неа. Исто така, ако не се гледа точно што има во садот, подобро е содржината да се фрли.

Фото: Pixabey