Куглоф со маџун и ѓумбир

Овој колач место шеќер има маџун па можете да го јадете без гајле и без грижа на совест.

0
621

Состојки:

800 г брашно

1 прашак за пециво

2 лажички цимет

2 лажички ѓумбир во прав

150 мл јогурт

10 урми

1 лажичка каранфилче

2 лажици какао

300 г маџун

250 г путер

4 јајца

по желба и доколку ви е смесата густа додадете свежо исцеден сок од портокал

Приготвување:

  1. Изматете ги јајцата и полека додавајте ги стопениот путер и млекото.
  2. Додадете ги во смесата и сувите состојки и на крајот помешајте ги маџунот и сечканите урми.
  3. Ставете се во подмачкан и побрашнет куглоф и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 степени.

4. Извадете го од рерна и оставете го да се олади, а потоа превртете го на чинија и поросете го со малку шеќер во прав.