Кулинарски трикови: Што заменува што?

0
508

Речиси се може да се замени со некоја друга намирница: павлаката со млеко и путер, оревите со бадеми, медот со шеќер и вода, па дури и чоколадото со какао и со лажица путер.

Тоа се некои од решенијата кои спасиле многу професионални готвачи од ситуации кога среде готвење сфатиле дека им недостасува некоја намирница.

Еве што може да ви помогне доколку и вам ви се случи истото.

30 грама чоколадо за готвење = 3 лажици какао и 1 лажица путер
1 лажица пченкарен скроб = 2 лажици наменско брашно.
1 шолја кафеав шеќер = шолја бел шеќер и 2 лажици меласа
1 шолја кисела павлака = шолја јогурт
1 шолја сурутка = шолја млеко и лажица оцет
1 шолја масло = 250 г путер
1 чешне лук = 1/8 лажичка лук во прав
1 шолја путер = шолја маргарин или 7/8 шолја масло
Шолја рикота = шолја свежа кравја урда
Шолја кристал шеќер = шолја кафеав шеќер или 22 шолји шеќер во прав
Шолја маскарпоне = шолја свежа урда
Шолја мед = 1 и 1/4 шолја шеќер и 1/3 шолја вода
Шолја суво грозје = шолја суви рибизли или брусници
Шолја павлака = шолја млеко и 3 лажици путер
1 лажица желатин = 2 лажички прав агар агар
Шолја кечап = шолја пасирани домати, лажичка оцет, лажица шеќер
Шолја мајонез = шолја павлака или јогурт