Кулинарското искуство треба да се пренесува

Во рамки на ICE Festival 2017, мастер клас обука одржа и шефот Ралф Б. Менегини од Германија кој смета дека готвачите треба да бидат иновативни и да смислуваат нови работи, а притоа да уживаат во среќата што ја носи готвењето.

0
280

Денес во рамките на фестивалот ICE2017 (INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE) кој се одржува од 2 до 8 октомври во Камник, шефот  Ралф Б. Менегини од Германија одржа мастер клас обука на која со македонски производи презентираше иновативно готвење на германски начин.

Учесниците на  ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој за прв пат се одржува во Македонија, кои воедно ќе бидат и дел од првата академија за готвење во Македонија ексклузивно добија рецепти за трите приготвени и презентирани јадења, како и совети и насоки од врвниот шеф Ралф Б. Менегини.

Ралф Б. Менегини е одличен и високо квалификуван германски Мастер Шеф со повеќе од 30 години искуство во кујни познати по квалитетот.

Роден е во Берлин и има 52 години. На почетокот се ориентирал на подготвка на пецива, а подоцна се квалификувал како Шеф. Десет години работел во многу држави како Шпанија, Грција, Швајцарија, Австрија, па дури и во земји на Блискиот Исток. Готвел за најдобрите ресторани во високите „крузери“ кои крстосуваат низ светот, а бил и главен шеф во повеќе хотели со пет ѕвезди.

Моментално работи како готвачки тренер и организира семинари за развој на концептите на готвење и подготвува готвачки шоуа насекаде низ светот. Професор е и на Универзитетот за менаџмент на храна и кулинарски развој. Долги години е член на асоцијацијата на германски шефови и  олимписки вицешампион во готвење во 2008 година.

Ралф е и менаџер на Националниот германски готвачки тим, а притоа е и член на многу кулинарски асоцијации. Неговата филозофија е дека искуството треба да се пренесе, да се споделуваат идеи и да се разменуваат искуства. Готвачите треба да бидат иновативни и да смислуваат нови работи, а притоа да уживаат во среќата која ја носи готвењето.