Кус кус со сос од шампињони

Ова е еден од оние ручеци кои се прават после работа, затоа што на нив не мора долго да се чека. Чиниите ќе бидат полни за само 20 минути

0
366

Состојки:

200-300 г кус-кус (обично оди по 50 грама за порција, па ставете толку кус-кус колку што ви требаат порции или ако сте многу гладни, ставете за себе двојна количина)

2-3 моркови

500 г шампињони

1 кромид

сол, црн пипер, оригано

сос од домати

Маслиново масло

Приготвување:

Пропржете ги кромидот и морковите исечкани на тркалца, а потоа додадете ги шампињоните.

Оставете ги да се динстаат 5-6 минути, па додадете го сосот од домати, зачинете и оставете го на рингла уште 5-6 минути.

Кус-кусот се става во врела, но не зовриена вода, во сооднос 50 грама кус-кус со 60 мл вода. Се покрива со капак, се остава водата да се упие, се посолува и се става маслиново масло. Се промешува за да се одвојат зрнцата и се послужува топло.