Ладна салата со грав и маслинки

Зошто мора да се јаде оној здодевен бел грав наместо некоја нова варијанта во форма на ладна салата?

0
656

Состојки:

½ кг претходно натопен шарен или кафеав грав
200 г маслинки без семки
1 ипол дцл маслиново масло
1 дцл балсамико
Сол, црн пипер

Приготвување:

Сварете го гравот кој ви стоел накиснат преку ноќта, па кога ќе омекне, исцедете го.
Помешајте го во една чинија со маслинките и зачинете со сол и црн пипер и додадете ги маслиновото масло и оцетот. Послужете ладно.