Лава чоколаден колач за две минути!

Лава колач, без јајца, без брашно, а се подготвува за само две минути. И апсолутно е совршен!

0
983

Лава колач, без јајца, без брашно, а се подготвува за само две минути. И апсолутно е совршен!

Состојки (за едно колаче):

3 орео бисквити
1 мала лажичка шеќер во прав
прашок за печиво
2 лажици млеко
1 топче чоколадно полнење

За чоколадното полнење за 10 колачиња ќе ви бидат потребни:

120 г темна чоколада
30 мл вода

Приготвување:

Најпрво направете го чоколадното полнење такашто ќе ја стопите чоколадата со водата. А кога смесата ќе се соедини тргнете ја од оган и оставете ја да отстои на собна температура околу четири до пет часа. Најдобро преку ноќ. Направете топчиња коишто ќе ги обликувате со раце, а потоа замрзнете ги. А сега започнуваме да го правиме колачот.

Во блендер сомелете ги бисквитите, шеќерот и прашокот за пециво додека да добиете прав. Додадете го млекото, а потоа сипете ја смесата до половина во силиконски калапи за мафини. Потоа додадете по едно чоколадно топче од оние коишто претходно сте ги направиле и сипете го одозгоре остатокот од чоколадниот пандишпан. Ставете во микробранова на 50 или 60 секунди. Извадете и сервирајте по желба.