Лажици кои после јадење – се јадат!

Засега се произведуваат во три вкусови: обични, слатки и пикантни. Можат да се користат за јадење на сите видови јадења со ориз, за сосови, торти, сладолед, но и за со чај и кафе.

0
334

После биоразградливите и јадливи чинии кои се произведуваат во Полска, сега, во Индија, започнало и масовно производство на јадливи лажици.

Нарајана Писапати е оснивач на компанијата Бејкис, творец на одлични лажици за еднократна употреба кои не ѝ штетат на околината. Се произведуваат од оризово брашно, пченица и кинеска шеќерна трска.

Не содржат конзерванси и вештачки бои, ГМО состојки или пак оние со млечно потекло, немаат трансмасти ниту гукозно-фруктозен сируп. Состојките се органски и произведени по принципите на етичко работење.

Засега лажиците се произведуваат во три вкусови: обични, слатки и пикантни. Можат да се користат за јадење на сите видови јадења со ориз, за сосови, торти, сладолед, но и за со чај и кафе. Овие лажици можат да поднесат висока температура и не се топат и не пукаат во врели или ладни напитои или супи.

Произведувачите напоменуваат дека лажиците се за еднократна употреба и дека не би требало да се чуваат во фрижидер. Кога пакувањето ќе се отвори, остатокот од лажиците треба да се чуваат во сува кутија затоа што стануваат помалку крцкави ако повлечат влага. Рокот на траење им е две години од датумот на производство. А ако не сакате да ги изедете после употребата, ставете ги во тегла со билки или во компост за да се разградат.

Целта на компанијата што ги произведува е да се продаваат по цената на пластичните лажици за еднократна употреба, затоа што ако постои алтернатива која е подобра и за здравјето и за средината, а е по иста цена, веројатно секој би ја одбрал. Планираат да ја прошират понудата на комплетен прибор за јадење и чинии.

Моментално, најголем проблем им е да произведат доволно за да ја задоволат побарувачката. Во Индија годишно се продаваат дури 1,5 милион лажици, а побарувачката во светот расте.

Проектот е достапен и на Kickstarter, кадешто 5 пакувања од 100 лажици се продаваат за 24 долари, а во тоа е вклучена и поштарината. Испраќаат низ цеиот свет.