Леб со пиво

0
466

Состојки:

700 г брашно
1 лажица прашак за пециво
3 лажици шеќер
1 лажичка сол
350 мл пиво
60 г путер

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 190°C. Во поголем сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта.
2. Во смесата од суви состојки додавајте по малку пиво постојано мешајќи.
3. Префрлете го тестото во намрсен калап со димензии 20×10 cm и прелејте го со стопен путер.
4. Печете го на 190°C oколу 40 минути.