Ледени чоколадни коцки со мента

Во чинија измешајте ги состојките за кремот и матете со миксер додека да добиете хомогена смеса. Добиениот крем премачкајте го врз кората па вратете во фрижидер да отстои уште еден час.

0
543

Потребни состојки (за 36 коцки):

За кората: 250 г бисквити со ниска содржина на шеќери, 6 лажици топен путер.

За кремот: 100 г кокосово масло, 100 г шлаг, една мала лажичка екстракт од ванила, 3 мали лажички екстракт од мента, 2 мали лажички шеќер во прав.

За преливот: 100 г темна чоколада и 2 лажици кокосово масло.

Приготвување:

Ставете ги бисквитите во едно поцврсто ќесе и издробете ги додека не се претворат во ситни парчиња. Во чинија измешајте ги бисквитите со стопениот путер и добро измешајте. Тавчето обложете го со хартија за печење и распоредете ги бисквитите за да се формира кора, а потоа ставете го тавчето фрижидер.

Во чинија измешајте ги состојките за кремот и матете со миксер додека да добиете хомогена смеса. Добиениот крем премачкајте го врз кората па вратете во фрижидер да отстои уште еден час.

Додека тоа се лади, во чинија измешајте ги чоколадата и кокосовото масло и стопете ги во микробранова печка во интервали од 20 секунди помеѓу кои ќе ја промешувате смесата додека чоколадата сосема да се стопи. Извадете го тавчето од фрижиферот и исечете го колачот на 36 коцки. Ставете ги на метална решетка и прелијте со стопената чоколада.

Пред да послужите задолжително изладете ги во фрижидер.