Лења пита

0
934

Состојки:

1 чаша брашно

1 чаша гриз

1 чаша шеќер

1 прашак за пециво

1 ванилин шеќер

1 кг јаболка

Цимет по вкус

200 г путер

Приготвување:

  1. Измешајте ги сите суви состојки (брашно, шеќер, гриз, прашак за пециво).
  2. Изрендајте ги јаболката и зачинете ги со ванилин шеќер и со цимет.
  3. На намрсена тава ставете ред суви состојки, па ред јаболка и цимет и така повторувајте додека не се потроиши целиот материјал. На врвот изрендајте го путерот кој ќе и даде сочност на питата.
  4. Печете 30 минути на 180°C во претходно загреана рерна

Мерката за чаша во овој рецепт е 3 дл.