„Лесен“ појадок

Понекогаш човек може да се разбуди толку гладен што ќе посака за појадок и некоја малку поневообичаена комбинација за почеток на денот. Епа не мора баш секое утро да почнува со смути од целер, лимон, краставица и слично, почестете се некогаш со „смути од пифтија“, салата од леќа и жива туршија

0
1579

Еве како изгледа еден „лесен појадок“ од пача, салата од леќа и жива туршија на кој подлегнавме викендов. Па има ли нешто поздраво?

Појадокот се состои од домашно приготвена пача за која рецептот можете да го најдете тука, салата од леќа со малку сланина и најубавата жива туршија од карфиол, моркови, пиперки и кисели краставички. Секако, мора да изедете и две-три парченца црно лепче и некоја маслинка. Верувајте, денот ќе ви врви како подмачкан. Појадокот не им се препорачува на вегетаријанци бидејќи содржи „месни култури“, но останува идејата да си сервираат салата од леќа без сланина, жива туршија и лепче. За жал, не постои веге замена за „месните култури“ во пачата.