Лимон, сол и црн пипер – решение за 4 проблеми

Ова звучи како одлична комбинација за зачинување на салата, но може да помогне и за некои здравствени проблеми

0
2218

Иако црниот пипер, солта и лимонот се вообичаена комбинација со која ги зачинуваме нашите салати, овие три намирници заедно имаат и некои други примени. Ефикасни се за решавање на 4 здравствени проблеми. Еве за што сѐ е добра оваа комбинација:

Болно грло

Ослободете се од болките во грлото такашто во чаша топла вода ќе измешате една лажица сок од лимон, пола лажица црн пипер и лажичка морска сол. Со оваа мешавина правете гаргара неколку пати дневно и простете се од болното грло!

Слабеење

Направете мешавина од ¼ лажица црн пипер, две лажици сок од лимон и една лажица мед. Помешајте сѐ во чаша топла вода и пијте секое утро за да го забрзате метаболизмот.

Забоболка

Помешајте пола лажичка мелен црн пипер и пола лажичка масло од каранфилчиња и ставете од смесата на болниот заб.

Мачнина

Вознемирениот стомак се лекува со црн пипер, а мачнината со лимон. Затоа помешајте по една лажица сок од лимон и црн пипер во топла вода и пијте полека сѐ додека не почувствувате дека ви поминала мачнината.