Лимон тарт, луто чоколадо, крем од ѓумбир и портокал,…

0
327

Мастер шефовите Франциско Ариола и Сокол Пренга, заедно со тимот од ресторанот „Фор“ во „Парк хотел и спа“ подготвија превкусни десерти, а сите присутни имаа можност да ги дегустираат и да се уверат во тоа. Присутните уживаа во лимон тарт, бисквита со цитрон и какао, различни видови на мали чоколади, торта со јаболко, тирамису, панакота со шумски овошја и крцкави тестенини, луто чоколадо со 80% какао и крем од ѓумбир и портокал и многу други вкусови сервирани на уникатен начин, нетипични за македонската кујна и приготвени по најсовремени кулинарски техники. Пред голем број на новинари, пријатели на ресторанот и експерти од оваа област ресторанот „Фор“ ги претстави своите деликатеси, меѓу кои имаше слатки кои можеа да се пробаат за првпат во Македонија.

Шеф Франциско Ариола е 30-годишен Шпанец кој живее и работи во Тирана, Албанија. По професија е адвокат, но како шеф се има докажано во своето вистинско светло. На крајот на 2012 година ја напушта Шпанија, а својата среќа во кариерата и љубовта ја наоѓа во Албанија, кадешто ја запознава својата сопруга и учествува во шоуто Master Chef Albania. Франциско во моментов има свој шпански ресторан во Тирана.

Сокол Пренга e 43-годишен мастер шеф од Албанија, кој e сопственик на еден од најпознатите ресторани за слатки во Тирана – Delikatese, ресторан и кетеринг.

Своето искуство го има стекнато работејќи во различни ресторани во Албанија, Грција и Холандија.

Во 2017 година започнува соработка со интернационални компании, за консултации и тренинг на ресторани и хотели со држави како Колумбија, Куба, Чиле, Мексико и други.

Гостите кои ги дегустираа десертите ги оценија слатките работи според своето лично мислење, а најпопуларните слатки ќе станат дел од менито на ресторанот.