Лингвини со зеленчук и свеж босилок

0
784

Аспарагусот е полн со витамин Е или таканеречениот „витамин на сексот“. Витаминот Е ја подобрува плодноста, како и издржливоста под чаршафите. Што се однесува пак до босилекот, овој зачин кај Италијанците е познат под името „Бакни ме Николас“, што зборува доволно за ефектите на ова растение. Доколку, пак, ги јадете тестенините малку повеќе зачинети, дуплирајте ја дозата на чилито.

Состојки:
(за 6 порции)
2 шолји шитаке печурки, сечкани
200 г свеж или замрзнат аспарагус, сечкан на парченца од по неколку сантиметри
1 кромид, крупно сечкан
2 лажици маслиново масло
2 чешниња лук, ситно сечкани
1/2 лажичка чили
2 шолји шери домати
1/2 шолја бело вино
1/2 пакување лингвини од бело брашно или од брашно од цели зрна
1/2 шолја босилок

Приготвување:
1. Во загреана рерна на 250 степени, ставете ги да се печат заедно во голема тава аспарагусот, кромидот, печурките, лукот, чилито и маслиновото масло. Печете околу 20 минути, или додека кромидот и печурките не заруменат. Повремено мешајте ги состојките за да не се залепат.

2. Додадете ги доматите во тавата, и печете уште 7 до 10 минути, додека омекнат. Префрлете го зеленчукот во супиера, а во тавата додајте го виното и промешајте за да ги изгреете состојките кои можеби се залепиле за дното. Ставете ја тавата на рингла на средна температура и оставете барем половина од виното да испари, или пак оставете ја тавата во рерната, за истата постапка.

3. Во меѓувреме, подгответе ги тестенините според упатството на пакувањето. Откако ќе ги сварите, исцедете ги, и наполнете половина шолја од водата во која се вареле и истурете ја во тавата со виното.

4. Вратете ги исцедените тестенини во лонецот и додајте ја мешавината од вино и зеленчук. Промешајте ја целата содржина на средна температура додека не се загрее добро. На крај, посипете одозгора сол и бибер по желба. Додајте ги свежите листови босилок и веднаш послужете.