Листа од намирници кои предизвикуваат рак

Резултатите од најновата студија објавена во British Medical Journal, покажале дека сѐ повеќе луѓе заболуваат од рак заради тоа што посветуваат сѐ помалку време на приготвување на здрави оброци.

0
2005

Забрзаниот начин на живот е изговорот на многумина од нас кои тврдат дека токму тој е причината поради која сме присилени да се храниме со готови јадења, како и со оние од пекарите. Денеска поголемиот дел од храната се преработува индустриски и во рамките на тој процес ѝ се додаваат разни адитиви кои во поголем дел се канцерогени. Таквиот начин на исхрана е опасен за сите и колку повеќе се консумира толку е поголем ризикот да заболите од некој вид на рак.

Научниците тврдат дека е тоа така затоа што хемиски преработени намирници какк што се грицките, слатките, месните производи и слични, имаат многу масти, сол и шеќер. Исто така, таквата храна не содржи витамини, минерали, влакна и слични соединенија кои го јакнат имунитетот.

Значи, ако сакате да останете подолго здрави, научниците препорачуваат една листа од намирници кои би требало целосно да ги исфрлите од вашето мени.

На листата се наоѓаат:

кекси

млеко со разни адитиви (вкусови)

енергетски напитоци

газирани напитоци

чоколадо

колачи

индустриски леб

маргарин

житарки со додаток на шеќер

енергетски плочки

готови јадења

готови или замрзнати пити

пилепки медалјони

сувомеснати производи

супи од кесичка

средства за слабеење во прав.

Фото: Pixabey