Супа со ѓумбир и соја

0
550

Состојки:
1 лажица сусам, потпечен
210 г тофу, сечкано
1 мала црвена бабура, сечкана
3 шолји зелка напа
1 шолја соја едамаме
3 млади кромитчиња, сечкани
1 ½ лажичка оризов оцет
¼ лажичка зрна црвен пипер
Сварете супа од 30 г индиски ореви, мелени, 1 морков и 1 лажичка ѓумбир, рендан

Приготвување:
1. Пржете ги сусамот и тофуто 4-5 минути на среден оган или додека тофуто стане кафено од едната страна. Додадете ја бабурата и пржете уште 3 минути или додека омекне. Додадете ја сварената супа и оставете да се вари.

2. Ставете ги зелката и сојата, намалете го огнот. Нека се вари откриено 5 минути или додека тие омекнат.

3. Тргнете го садот од огнот, ставете ги кромитчињата, оцетот, црвениот пипер и посолете.