Лута и кисела супа со никулци

0
666

Состојки:
½ шолја никулци од грав
3 лажици соја сос
5 суви кајсии
1 ½ шолја домати, сечкани
¼ шолја млад кромид, сечкан
2 лажици јаболков оцет
1 лажица свеж ѓумбир, рендан
½ шолја краставица или тиквичка, сечкани
1 пиперка халапено, без семки, сечкана
2 лажици сок од лимета
2 лажици коријандер, сечкан
1 лажица агаве нектар
¼ лажичка црвен пипер

Приготвување:
1. Измешајте ги никулците и соја сосот и нека се маринираат додека ја приготвувате супата.

2. Потопете ги кајсиите во зовриена вода 5 минути, па исцедете ги.

3. Ставете ги кајсиите, доматите, кромидот, оцетот, ѓумбирот и 3 шолји вода во блендер и добро измиксирајте. Префрлете во сад за сервирање и додадете ги краставицата, халапено, лиметата, коријандерот, агаве нектарот, црвениот пипер и смесата со никулците.