Лути печени пиперки со лук

Правете го само за викенд...толку е вкусно што можете да го јадете во недоглед, односно, се додека го има, но потоа - не излегувајте меѓу луѓе - препорачуваат нашите читатели Стефан и Ана

0
391

Ако се уште ја имате својата низа сушени црвени пиперки од зимоска, потпечете ги на плотна или на скара, испечете и некоја лута зелена пиперка, се разбира, ако сакате луто, додадете многу многу ситно сечкано или згмечено лукче, ставете маслиново масло, оцет, магдонос…

Ако го ставите ова за предјадење, го консумирате со сирење и со леб, оф, којзнае дали ќе ви остане место и за главното јадење…

Не знаеме зошто, велат нашите читатели, но потоа децата се држат на безбедно растојание од нас…велат дека сме мирисале на лук!!!