Лути пиперчиња полнети со фета сирење

0
795

Доколку неколку залчиња од овие лути пиперчиња ви ги испотат дланките и ви го забрзаат пулсот на срцето, обвинете го каписцинот – состојката која им ја дава лутината на чили пиперките. Лутите пиперки се вазодилататори, што значи дека ја зајакнуваат циркулацијата во артериите и капиларите. Овие пиперчиња се докажани зајакнувачи на либидото и кај мажите и кај жените. Резултатот е сигурен наплив на циркулација која го подготвува организамот за романса.
Пиперчињата можете да ги купите во тегла или свежи.

Состојки:

24 листови свежо нане
24 лути пиперчиња, измиени и исушени
½ мала краставичка, излупена и сечкана на коцки
4 супени лажици испасирано фета сирење

Приготвување:
1. Наполнете ги пиперчињата со по еден лист нане, една-две коцки краставица и половина кафена лажичка фета сирење. Оставете ги полнетите пиперчиња малку во фрижидер, па послужете.