Луто и заводливо: Чоколаден пудинг со чили

Еве го уште еднаш омилениот десерт но во една луда лута варијанта

0
295

Направете си повторно пудинг. Се разбира, наместо од прашок, нека биде домашен, чоколаден и лут.

Ако досега не сте пробале каков вкус има една ваква чоколадно-лута комбинација, направете го тоа сега, а ако е премногу луто за вас, само намалете ја количината чили.

Состојки:

250 г темно чоколадо
2 ипол дцл млеко
6 жолчки
2 ипол дцл павлака
35 г густин
200 г шеќер
1 ипол лажичка желатин
½ лажичка мелен цимет
½ лажичка екстракт од ванила
1 лажичка чили во прав

Приготвување:

Ставете го искршеното чоколадо во здела. Павлаката и млеото сварете ги до вриење, потоа додадете го чоколадото и мешајте додека чоколадото не се стопи.
Изматете ги шеќерот, густинот и жолчките. Додадете ја смесата со чоколадо, цимет, ванила и чили.
Ставете на средна температура и мешајте додека не се згусне па тргнете од оган.
Желатинот растопете го во 3 лажици врела вода и додадете го во чоколадниот крем.
Префрлете ја смесата во чаши и оставете ги во фрижидер најмалку 2 часа.
Украсете со шлаг и со рендано чоколадо.