Мафини од овес и портокал

0
404

Состојки:

1 шолја овесни снегулки

1/2 шолја сок од портокал

1/2 шолја проварена вода

1/2 шолја путер

1/2 шолја кафеав шеќер

2 јајца

1 шолја суво грозје

1 шолја брашно

1 лажичка прашак за пециво

1 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C. Во калапите за мафини ставете хартиени кошнички.
  2. Помешајте ги овесните снегулки, сокот од портокал и водата, добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 15 минути.
  3. Во еден сад измешајте ги путерот и шеќерот, додадете ги јајцата и добро измешајте. Додадете го и сувото грозје и смесата со овесните снегулки. Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото, содата и солта и соединете ги двете смеси.
  4. Ставете го тестото во подготвените калапи и печете околу 25 минути.