Мафини со сливи и чоколадо

Кој ги измисли оние калапи за мафини, секоја чест. Изгледаат убаво, одлични се за послужување, но и за да имате мерка колку ќе изедете

0
208

Состојки:

4 јајца

100 г шеќер

200 мл јогурт

100 мл кокосово масло

100 г гриз

100 г интегрално брашно

100 г брашно

малку рум

сок од 1 лимон

1 лажичка прашок за пециво

1 ванилин шеќер

сливи

црно чоколадо

шеќер во прав за поросување

Приготвување:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги маслото и јогуртот, а потоа и малку рум и сокот од лимон. Додадете ги и сувите состојки и се убаво измешајте.

Намрсете ги калапите за мфини и ставете на дното по половина слива и коцка чоколадо, а одозгора истурете од смесата.

Печете ги околу 20-30 минути, во зависност од големината на мафините, во загреана рерна на 200 степени.

Откако ќе се испечат, извадете ги од калапите и наросете шеќер во прав.