Мафини со зеленчук и кашкавал

0
570

Состојки:

3 јајца

150 мл млеко

200 г брашно

1 прашок за пециво

Сол по желба

Брокула

Црвена пиперка

Рендан кашкавал

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Подгответе го зеленчукот такашто ќе ја измиете брокулата, ќе ја раздвоите на мали цветчиња и сосема накусо ќе ја ставите во зовриена вода. Потоа добро исцедете ја, а пиперката исечкајте ја.
  3. Измешајте ги сите суви состојки.
  4. Посебно во еден сад изматете ги јајцата и млекото оа додадете го зеленчукот и на крајот сувите состојки.
  5. Наполнете ги со оваа смеса модлите за мафини и поросете со рендан кашкавал.
  6. Печете во загреана рерна околу 20-25 минути.