Мајчина душица: Ја ублажува реумата и болестите на срцето

Освен што има широка примена во олеснувањето на различни здравствени тегоби, мајчината душица е одличен зачин без кој многу јадења не би биле исти.

0
476

Мајчината душица е медитеранска билка која наголемо се користела во народната медицина пред да го најде своето место во кулинарството.

Свежа или сува, мајчината душица е одличен зачин за месото од пердувести животни, но има и широка примена во олеснуањето на различни здравствени тегоби.

Таа е делотворно помошно средство и кај ревматските тегоби и срцевите болести.

Пилешко со мајчина душица

Состојки:

1 кг пилешки карабатаци
1 лимон
Маслиново асло
Сол и црн пипер
5 свежи гранчиња мајчина душица

Приготвување:

Зачинете го пилешкото и попрскајте го со масло па ставете го во сад за печење такашто страната со кожата да е свртена надолу. Печете ја околу 15 минути, а потоа, кога кожичката ќе стане златна и крцкава, свртете ја на другата страна.
Исечете го лимонот на парчиња и заедно со здробената мајчина душица додадете ги во пилешкото. Печете во загреана рерна на 200°C уште 15-тина минути.
Мајчината душица можете да ја додадете како зачин и на компирите, печурките или тиквата пред печење, можете да ја ставите во маринадата за риба и за рамстек, да додадете во својот болоњезе сос или во гулашот, и секако, во печеното јагнешко.
Со гранче мајчина душица можете да го збогатите и вкусот на шампањското, ликерот од круи и кајсии, питите од лимон и кишот.