Мали кулинарски тајни кои ќе го спасат секој оброк од катастрофа!

Ако готвите, тогаш сигурно ви се случило барем некогаш да го пресолите јадењето, да ви загори, да се превари или слично. Еве како можете да ја поправите работата.

0
668

Ако сте почетник, ваквите незгоди се нормални и прифатете ги како најдобар начин за учење. Главен совет е да не брзате затоа што токму во такви ситуации се случува јадењето да ви загори, да ви се превари или да го пресолите.
За среќа, има неколку трикови со кои можете да ја поправите работата.

Загорен бисквит

Главно, колачите и тортите се прават ден порано, па во случај да не ви успее бисквитот за торта, имате време да направите нова. Меѓутоа, што ако немаме време, а бисквитот ни е делумно загорен?

Најчесто се случува бисквитот да изгори на површината или од страна, па наједноставно е да го извадите што побргу од рерната, да ги исечете изгорените делови и да се однесувате како да е се во најдобар ред.

Втора опција е да се исечат изгорените делови од бисквитот, а тој да се искрши и да се помеша со растопено чоколадо и путер и да се втисне во калап.

Трета опција е да направите бисквитни топчиња, односно, лижалки на стапче, прелиени со црно или бело чоколадо. Добрите делови од бисквитот исечете ги на парчиња и помешајте ги со стопено чоколадо во павлака за готвење. Дел од стопеното чоколадо помешајте со парчињата бисквит и обликувајте ги топчињата со раце. Набодете ги на пластични или дрвени стапчиња. Кога бисквитот малку ќе се стегне, ставете ги топчињата во преостанатото стопено чоколадо и украсете со шарени трошки!


Разварен зеленчук

Ако сте го развариле зеленчукот, ставете го во ладна вода на неколку минути. Тоа ќе го запре процесот на варење и зацврстете ја неговата текстура. По желба, изладениот зеленчук можете да го помешате со презли и кашкава и да го запечете во рерна.

Разварен ориз и тестенини
Можете да ги третирате исто како и разварениот зеленчук. Прво задолжително измијте ги под млаз адна вода, а потоа запечете ги во рерна или во тава со малку масло или путер.

Колач кој не можете да го извадите од калапот

Ако ви се случи ова, ставете го калапот во топла вода на 1 минута, секако, внимавајте водата да не влезе внатре. Тоа е го опушти коачот и ќе го олесни вадењето од калапот.

Премногу луто јадење

Презачинета и лута храна можете да заблажите со малку шеќер. Ако станува збор за многу луто вариво или гулаш, додадете малку суво овошје или мармалад. Кај останатите јадења можете да додадете обичен шеќер, кисела павлака, јогурт или малку лимон.

Премногу благо 

Тешко е да се спаси веќе готова торта или веќе печени кекси, па затоа испробувајте го тестото во текот на подготвувањето. Ако забележите дека сте ставиле премногу шеќер, додадете малку сок од лимон или некој друг цитрус. Млечните производи како јогуртот ии киселата павлака, исто така можат да го разбијат благото.