Мали трикови за совршени палачинки

0
927

Триковите за совршено тесто за палачинки се обично врзани за одделни состојки или постапки во текот на приготвувањето, отстојувањето и печењето на смесата. Иако состојките и приготвувањето се разликуваат во зависност од географското потекло на рецептот за палачинки, но и во зависност од вашата фантазија, некои правила можат да се применат универзално на приготвувањето на овој омилен деликатес.

Еве неколку едноставни трикови:

За почеток потребно е да ги приготвите сите состојки кои ќе ги употребите – јајца, брашно, млеко, минерална вода, ма,ку сол, лажица рум, малку рендана кора од лимон, пола лажичка шеќер и една лажичка масло. Соодносот на состојките е до извесна мера флексибилно, а просечно, на 2 јајца со средна големина се користат 250-300 г брашно. Поголема количина на јајца би можела да резултира со жилави палачинки.

Редослед на додавање на состојките
При приготвувањето на смесата, обично се почнува со јајцата кои треба убаво да се изматат во пена. Потоа се додава млекото и повторно се меша. Потоа го додаваме брашното во толкава количина колку што е доволно за смесата да биде многу густа и таквата смеса треба добро да се измати за да се избегне создавање на грутчиња. Потоа смесата се разредува со минерална вода се до саканата густина.

Важни додатоци
Ситни но важни додатоци за тестото се рум, сол, шеќер и малку зејтин, а нема да штети ниту малку кора од лимон. И на готвачите-аматери им е познато дека најдобрите палачинки се прават со додавање на газирана минерална вода која е богата со бикарбонати. Додавањето на румот освен што дава преубава арома, обезбедува палачинките да не го впијат непотребното масло, а малку сол му дава подобра конзистенција на печеното тесто. Додатокот на шеќер е обично својствено на рецептите за благи палачинки, а некогаш обичниот шеќер можете да го замените со ванилин шеќер. Ако ги јадете и во солена и во блага варијанта, подобро е да не ставате шеќер.

Миксер или рачна маталка?
Нашите баби користеле рачна маталка. И навистина, состојките не треба да се матат многу брзо и да се разбива нивната структура, туку само е добро тие да се поврзат. Ако сепак повеќе сакате да го матите тестото со миксер, тогаш по додавањето на брашното, матете со најмала брзина.

Легендарната црна тава или тефлон?
Домаќинките од старата школа не ги признаваат тефлонските тави. Тие си ги чуваат старите добри црни тавчиња за палачинки. Дали се повкусни палачинките кои се прават со едното или со другото тавче е тешко да се каже со сигурност, но едно е сигурно, на тефлонско тавче можеме да ги печеме со минимална количина на зејтин, па со тоа и вкусот може да е поинаков. Палачинките се печат на силен оган, на добро загреано тавче и на мала количина на сончогледово масло. Понекогаш, особено при приготвувањето на солени палачинки, може да се употреби и маслиново масло. Има безброј варијации, а се зависи од фантазијата, од друштвото и од расположението.