Маринирана моцарела за појадок

Кога имате моцарела и еден домат, имате оброк. Речиси ништо друго и не ви треба, освен, евентуално, некоја капка маслиново масло и малку сол.

0
170

Состојки:

300 г моцарела

Китка магдонос

1 чили пиперче

40 г маслинки

1-2 чешниња лук

200 мл маслиново масло

Сок од пола лимон

1 лажичка црвен пипер во зрно

Пола лажичка крупна морска сол

За послужување

Домат

Рукола

Препечено лепче

Приготвување:

Моцарелата исечете ја на коцки, а магдоносот и лукчето исечкајте ги.

Лукот згмечете го и во еден сад измешајте ги маслиновото масло и сокот од лимон па додадете им сечкан магдонос, чили и маслинки, сол и црвен пипер, па сѐ заедно измешајте.

Ставете ја моцарелата во една тегла, додадете го згмеченото лукче и прелијте сѐ со мешавината од масло и исечканиот зеленчук.

Затворете ја теглата, протресете ја малку за да се измешаат состојките и оставете ја во фрижидер најмалку три часа пред консумација, а идеално би било да го подготвите ова навечер и да го послужите за појадок со салата и лепче по избор.