Мармалад од хокаидо тиква

Хокаидо тиквите се богати со влакна и со витамини, а со мирисот потсетуваат на костен. Можете да ги најдете на нашите пазари на кои има богат избор на различни видови тикви.

0
212

Овие тикви со исклучително портокалова боја се вистински ризници на влакна и на витамини А, Ц и Е. Со мирисот потсетуваат на костени, па од нив можете да направите и вкусен и здрав мармалад.

Состојки:

1 кг печена хокаидо тиква

2 лимони

200 г кафеав шеќер

Малку рендан свеж ѓумбир

10 капки етерично масло од портокал

Приготвување:

За почеток, убаво измијте ја тиквата и исечете ја на кришки. Испечете ги во рерна, а потоа одвојте ја кората, а „месото“ од печената тиква, заедно со шеќерот, сокот од лимоните и изренданиот ѓумбир, ставете го во тенџере.

Сите состојки варете ги постојано мешајќи околу 20 минути. Топлиот мармалад ставете го во претходно загреани и стерилизирани тегли.

Фото: Pixabay