Мармалад од тиква

Направивте ајвар, лутеница и кисели краставички, ама нели треба да се подготви и нешто благо за зимница?

0
758

Овој мармалад од тиква се подготвува едноставно и не бара долго варење. Најдобро е да го чувате во стаклени теглички во фрижидер, а ако сакате да додадете пектин, тогаш можете да го чувате и надвор од фрижидерот, на ладно и суво место во стерилизирани стаклени теглички.

Од зачини, со тиква најдобро одат циметот и ѓумбирот, а за ваков вид на мармалад ви треба мускатна тиква (butternut Squash), односно, од оние во форма на круша.

Состојки:

1кг пире од тиква

Сок од 1 лимон

1 шолја шеќер

2 лажички екстракт од ванила

3 лажички цимет

1 лажичка ѓумбир

Пектин по желба

Приготвување:

Излупете ја тиквата и исечете ја на коцкички

Ставете ја во тава и варете ја заедно со зачините и шеќерот. Додадете сок од лимон и продолжете да варите додека не се згусне.

Уште додека е врел мармаладот ставете го во стерилизирани тегли, оставете на собна температура да се олади па преместете ги во фрижидер.