Мед и ореви – моќен рецепт за имунитет и потенција

Ова е добитна комбинација за вашето здравје, а доколку ги искомбинирате со цимет или лимон, ќе ви помогнат во борбата со холестеролот, високиот притисок, артритисот и многу други болести.

0
4132

Во зимските денови на нашиот организам му треба дополнителна помош за да го зајакне имунитетот па токму комбинацијата од мед и ореви нека биде вашиот прв сојузник.

Медот и оревите се користени за подобрување на имунитетот уште од дамнешни времиња.

Направете го овој многу едноставен природен рецепт такашто ќе помешате 500 грама мед и 500 грама ореви. Можете да додадете и сок од лимон. Добро измешајте и уживајте. Овој волшебен микс му дава сила на телото, ја поправа вашата крвна слика и влијае на целокупното здравје.

Од медот и оревите можете да подготвите и друг рецепт такашто ќе ги искомбинирате со цимет.

Циметот е еден од најстaрите начини кој нашол примена во сите медицински традиции во светот.

Современите истражувања потврдуваат дека циметот има позитивно влијание кај многу болести. Во комбинација со мед, циметот има одлично влијание кај следните болести:

Артритис – помешајте во чаша вода една лажица цимет во прав со една лажица мед. Пијте наутро и навечер. Доколку редовно го консумирате овој напиток, може да дојде до целосно излекување на хроничниот артритис.
Холестерол – две големи лажици мед и три мали лажици цимет помешајте во голема чаша чај. Кога ќе го испиете ова, нивото на холестеролот ќе се намали за 10 отсто во рок од два часа.
Настинка
Болка во желудникот
Имунитетен систем – секојдневно консумирање мед и цимет во прав во комбинација со ситно сечкани ореви го јакне имунитетот и го штити организмот од бактерии и вируси.
Непријатен здив

Освен со цимет, оревите и медот во комбинација со лимон претставуваат исклучителен природен лек. Нивната лековитост е потврдена и со многу научни истражувања и студии.

Вашиот организам на овој начин ќе ги добие сите потребни минерални материи, белковини, витамини, масти и јагленохидрати. Кај оние кои се константно уморни и исцрпени, оваа комбинација има одличен ефект. Овој природен лек се користи и при главоболки, несоница, артериосклероза.

За неговото подготвување ви требаат:

Пола килограм квалитетен ливадски мед, пола килограм мелени ореви и еден лимон. Измешајте ги сите состојки во една стаклена тегла и можете да го консумирате на секои 3-4 часа.

За јакнење на имунитетот, оревите можете да ги измешате уште со неколку состојки и ќе добиете вистинска витаминска бомба.

Состојки кои ви се потребни:

100 г бадеми
3 лажици мед со прополис и матичен млеч
50 г аронија
100 г суви смокви
250 г мед
50 г лешници или ф’стаци
200 г суви сливи
1 среден корен ѓумбир
100 мл свежо исцеден сок од лимон
100 г ореви
50 г брусници

Прво иситнете го овошјето на ситни парченца, а потоа сите состојки ставете ги во поголем сад.

Лешниците, бадмеите и оревите смелете ги. Измешајте сѐ, додадете го сокот од лимон и ренданиот ѓумбир.

Сите состојки прелијте ги со мед и измешајте ги со блендер.

Вака подготвениот микс ставете го во стаклена тегла и оставете го да отстои неколку дена пред да почнете да го користите.

Најдобро е да консумирате по една лажица наутро.

(За што уште треба да ги консумирате прочитајте тука)