Млеко и куркума, напиток за сѐ

0
1335

Бидејќи е дел од семејството на ѓумбирот, куркумата е високо ароматична билка, со лут, благ, но со и горчлив, смолест вкус. Содржи активни состојки, кои имаат терапевтски карактеристики за повеќе од 150 заболувања.

Сепак неговата златна вредност е тоа што е и АНТИКАНЦЕРОГЕН, што е и научно докажано!

Куркумата е антивоспалителен лек, аналгетик, антисептик, го засилува имунитетот, има својство на детоксикатор, го регулира метаболизмот, ја контролира телесната тежина, ја подобрува меморијата, ги намалува триглицеридите и го регулира крвниот притисок.

Ако сте алергични на млеко и млечни производи, за подготвување на млеко од куркума користете млеко од ориз, соја или бадем.

Состојки:

½ лажичка куркума

1 шолја топло млеко

Прстофат црн пипер

1 лажичка мед

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки и напитокот е готов.