Модрите патлиџани како замена за месо и зошто треба да ги јадеме?

Овој зеленчук кој е сроден со доматите, пиперките и компирите, заслужува да бидат помеѓу нашите омилени намирници

0
899

Сега е сезона за модрите патлиџани кои е најдобро да се консумираат помеѓу август и октомври, а веганската кујна ги препознава како одлична алтернатива за месо затоа што се добар извор на протеини.

Некои сорти имаат плодови тешки и до килограм, но во светот се разликуваат голем број сорти кои се разликуваат по големината и обликот на плодот, бојата…

Во 100 грама свеж модар патлиџан има само 24 калории, додека варениот има 35, а освен тоа е богат извор на влакна, особено на целулоза која е добра за варењето, како и витамини Б1, К, Ц, А и фолна киселина.

Она по што се познати е антиоксидансот насунин кој се наоѓа во неговата кора, а ги штити нашите клетки од уништување и е собирач на слободни радикали и влијае на излачувањето на вишок на железо од организмот. Токму овој антиоксиданс може да влијае на превенција од кардиоваскуларни болести, како и превенција од рак.

Во листот и плодот од модар патлиџан се наоѓа соланин, кој се наоѓа и во кората од компирите и доматите, кој е за луѓето отровен додека билката ја штити од наметници. Соланинот е заслужен и за горчливиот вкус на патлиџаните, но се смета дека доза од 200 мг може да предизвика труење. Кога тој се неутрализира во цревото, престанува да биде отровен. Се смета дека токму поради горчливиот вкус, модриот домат влијае на ублажување на грчевите во желудникот и слични тегоби со варењето.

За да се елиминира соланинот во целост, доматот мора на некој начин термички да се обработи, а постојат низа начини на кои може тоа да се направи: на скара, на пареа, со динстање или пржење, печење.

Патлиџанот има низок гликемиски индекс па поради тоа е многу поволна намирница за диабетичари, а клорогеничната киселина, која исто така има антиоксидативно дејство, помага и за снижување на нивото на лошиот холестерол.

Кога бирате патлиџан обидете се да го ситеснете – ако кожата се врати на место, значи дека е зрел, а ако остане вдлабнатина, не е. Дома чувајте ги на температура од околу 10°C, а не го сечете претходно затоа што брзо се расипува.

Горчливиот вкус можете да го неутрализирате со сол пред готвењето. Исечете го патлиџанот на саканата големина, посолете ги и оставете ги да стојат така 30 минути.

Можат да се комбинираат со голем број намирници, а се смета дека е комплементарна намирница која ги балансира сите други вкусови.

Фото: Pixabey