Можете ли да му одолеете на тарт со круши и горгонзола?

Есента во чинија никогаш не била толку вкусна!

0
364

Овој рецепт особено ќе им се допадне на љубителите на слатко-солени комбинации, но им препорачуваме да го испробаат и сите други.

Состојки:
Тесто:

150 г брашно
75 г ладен путер
1/2 лажичка сол
3-4 лажици вода

Фил:
100 млеко
Малку црн пипер и сол
1 јајце
50 г горгонзола
2 помали круши
1 лажица ореви

Карамелизиран кромид: 1 поголема главица црвен кромид, 1 полна лажица кафеав шеќер, 1 лажица ацето балсамико, малку сол, малку црн пипер, парче путер, маслиново масло

Приготвување:
Исечкајте го кромидот на подебели тркалца па преполовете ги. Во тава ставете малку маслиново масло и парче путер и кога ќе се загреат ставете го кромидот и пржете на средна температура постојано мешајќи. По 10-15 минути додадете го шеќерот, измешајте, па додадете го оцетот и дозволете течноста да испари, а кромидот да стане како мармалад. Додадете сил и црн пипер и тргнете ја тавата од оган.
Направете тесто од состојките и ставете го завиткано во проѕирна фолија да отстои околу 30 минути во фрижидер.
Направете го филот, осносно, измешајте ги млекото и јајцето и зачинете.
Загрејте ја рерната на 180 степени, извадете го тестото од фрижидер, расукајте го на дебелина од 1 цм и преместете го во тепсијата. Избоцкајте го со вилушка па ставете го да се пече околу 20 минути.
Во меѓувреме, излупете ги крушите, исечете ги на кришки, извадете го калапот со тестото, распоредете го одозгора кромидот, прелијте со филот од млеко и јајце, по средината наредете ги крушите, а наоколу горгонзолата и оревите и вратете го во рерна.