Мрачните страни на белото чоколадо

Не изгледа како чоколадо, не мириса како чоколадо и дефинитивно, нема вкус на чоколадо. Зошто?

0
535

Што е всушност белото чоколадо? Ако сакаме да бидеме искрени, тоа ниту изгледа, ниту мириса, ниту пак има вкус на чоколадо. А ако се прашувате зошто е тоа така, ќе ви кажеме само едно: Затоа што белото чоколадо воопшто и не е чоколадо. Навистина, не е ни чудо што белото чоколадо е контроверзен измамник; па луѓето или го сакаат или го мразат.

Белото чоколадо не е вистинско чоколадо, бидејќи е всушност мешавина од маснотии и хемиски ароми. Нутриционистите предупредуваат дека овој производ неоправдано го носи називот чоколадо со оглед на тоа што воопшто и не ја содржи главната состојка на вистинското чоколадо – какао.

Како што тврдат специјалистите за исхрана, производителите на бело чоколадо наместо какао путер, користат други растителни масла, па белото чоколадо не може да послужи дури ни како најлоша замена за чоколадо.

Белото чоколадо нема никаква хранлива вредност, туку само калории.

Исто така, стручњаците предупредуваат дека белото чоколадо се вари потешко од црното затоа што содржи, во најдобар случај, до 20 проценти какао путер, а аоколу 14 отсто од составот е сува млечна маса. Остатокот е шеќер. Во 100 грама бело чоколадо има и до 57,1 грам јаглени хидрати.