Мусака со последните резерви на модри патлиџани

0
327

Пред да се појават на пазарите оние убави големи прекрасни џиновски плодови, искористете ги последните резерви на замрзнати модри патлиџани кои, евентуално, се уште ги имате во замрзнувачот и направете вкусна мусака. Добро е што може да се прави од денеска за утре, па ете, ако немате идеја за утрешниот ручек, ова е нашиот предлог.

Ако немате повеќе модри патлиџани, купете свежи или најдете некој што има 🙂

Состојки:

300 г мелено месо

1 главица црвен кромид

Малку ориз

2-3 јајца

Сол, црн пипер, зачини по желба

Масло

Приготвување:

  1. Исечкајте го кромиот и пропржете го на загреано масло, па додадете ги месото и зачините.
  2. Откако ќе се испржи месото додадете малку ориз.
  3. Во сад за печење наредете тркалца од одмрзнатите модри патлиџани, ставете од филот со мелено месо и одозгора ставете уште еден ред модри патлиџани.
  4. Ставете го садот во загреана рерна и печете 30-тина минути, извадете, прелијте одозгора со матени јајца и потпечете уште 5-10 минути.