Мусака со туна

0
331

Состојки:

300 г туна

600 г компири

1 лажица масло

сол, црн пипер

2 дл павлака

2 јајца

Приготвување:

  1. Исечкајте ги компирите на тенки кругови, малку сварете ги во вода за да омекнат, исцедете ги и посолете ги.
  2. Премачкајте ја тепсијата со малку масло и наредете еден ред компири, па ред сечкана туна и зачинете си сол и црн пипер и други зачини по желба.
  3. Повторете ја постапката се додека не го потрошите целиот материјал и завршете со ред компири.
  4. Прелијте ги компирите со кисела павлака во која сте изматиле две јајца. Печете околу 40 минути на температура од 180 степени.